AktualeMaqedoni

Tensione në Myftininë e Tetovë

Модернизацијата на наставниот процес е еден од приоритетите на градот Скопје, затоа и сериозно инвестираме во осовременување на средните училишта под надлежост на градот.

Средното училиште „Димитар Влахов“ доби нови дигитални табли со кои се опремуваат 10 училници во кои учениците ќе можат да ја следат наставата согласно современите текови. Во средното училиште „Димитар Влахов“ годинава настава следат 472 нови ученици

На овој начин се стимулира унапредувањето на дигиталните вештини и знаења, а дополнително се унапредува и целокупниот наставен процес.

Покрај поставувањето на дигиталните табли, градот Скопје досега реализираше бројни проекти меѓу кои и проектот за опремување на ИТ кабинетите во сите средни училишта под надлежност на градот, со што се овозможува унапредување на изведувањето на наставата за учениците и наставниот кадар.

Related Posts